Дома Трансфер зона Порто има нов суперталент со клазула од 40 милиони евра, Реал „тропна на врата“

Порто има нов суперталент со клазула од 40 милиони евра, Реал „тропна на врата“

Суперталентираниот играч на Порто се најде на мета на „кралевите“.

Скаут службатана Реал Мадрид го забележа Ромарио Баро од Порто. Станува збор за талентираниот фудбалер на Порто кој блескаше минатата година кога овој тим ја освои младинската Лига на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баро важи за современ играч за врска кој покрива голем дел од средината на теренот. Порто со него го обнови договорот во декември 2018 година кога стави потпис на соработка до 2023 година. Во тој договор има и откупна клазула од 40 милиони евра.

Овој играч исклучително добро се снаоѓа во транзицијата и добро знае да ги проигра своите соиграчи во нападот. Поради неговата брзина одлично се снаоѓа и на крилната позиција.

Интересно е што Баро е производ на младинската школа на Спротинг, а во Порто пристигна во 2014 година со неполни 14 години. Сезонава доби минутажа во сениорскиот тим на клубот од „Драгао“ забележувајќи седум настапи. Доколку не се повредеше кон крајот на септември сигурно ќе одиграше уште некој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…