Дома Останати Кошарка НБА Портланд испушти +15, Кари го преводеше Голден Стејт до 2:0 во финалето на Запдот (ВИДЕО)

Портланд испушти +15, Кари го преводеше Голден Стејт до 2:0 во финалето на Запдот (ВИДЕО)

Голден Стејт против Портланд славеше со резултат 114:111 и така поведоа со 2:0 во финалето на Западната конференција на НБА лигата.

За разлика од првиот натпревар кога актуелните шампион лесно стигнаа до триумф. Овој пат Портланд одигра многу подобар натпревар, а пропуштија голема шанса да направат брејк.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водеа гостите од Портланд во поглемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме имаа дури 17 поени предност, а нна одмор заминаа со плус 15, 50:65.

Меѓутоа Вориорсите предводени од Стеф Кари во третата четвртина заиграа многу подобро. Успеаа да го свртат натпреварот во своја корист и дојдоа до пет поени предност, но во последната четвртина се влезе со нерешен резултат 89:89.

Портланд не се предаваше. Имаа осум поени предност на четири минуди до крајот (100:108), но потоа следуваше серија на Вориорси од 10:0 со што го превземаа водството.

Дојдоа домаќините до предност од 114:111, Демијан Лилард ја имаше топката и се обиде да шутира за продолжение, но Андре Игудала му украде „жива“ топка и така победата остана кај шампионот.

Стеф Кари со 37 поени, осум асистенции и осум скокови го предводеше Голден Стејт до победа и е најзаслужен за триумфот на својот тим.

Секако треба да се истакне и Клеј Томпсон кој уфрли 24 поени, но имаше слаб шут од игра (8-22), додека Дрејмонд Грин беше фантастичен со 16 поени, 10 скокови и седум асистенции.

Кај Портланд Лилард уфрли 23 поени и додаде 10 украдени топки, додека Мекколум уфрли 22 поени.

https://youtu.be/TWD1mepI_q0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …