Дома Фудбал Англија Поранешен судија нема дилеми: Дали оваа судиска одлука го одлучи шампионот во ПЛ? (ВИДЕО)

Поранешен судија нема дилеми: Дали оваа судиска одлука го одлучи шампионот во ПЛ? (ВИДЕО)

Maнчестер Сити вчера ја одбрани титулата шампион на Англија откако во последното коло го победи Брајтон со 4:1. Првенството „граѓаните“ го завршија со еден бод повеќе од Ливерпул кој на „Енфилд“ го победи Вулверхемптон со 2:0.

Пред последните 90 минути од првенството, Сити имаше бод повеќе од „црвените“ и самиот одлучуваше за својата судбина и на крајот не дозволија изненадувањр.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул така и со освоени дури 97 бодови остана без титулата (30 побени, седум нерешени натпревари и еден пораз). Тој еден пораз Ливерпул го доживеа токму од
Сити на почетокот на оваа година.

„Црвените“ на „Етихад“ беа поразени со 2:1, а поранешниот англиски судија Кеит Хакет смета дека во тој натпревар имало судиска одлука која го одлучила првенството.

https://www.youtube.com/watch?v=S62pGguQt6w

Според него клучниот момент се случил во 31-та минута од тој натпревар кога судијата Ентони Тејлор стартот на Винстент Компани над Мохамед Салах го санкционираше само со жолт картон.

Тоа се случи при резултат 0:0, а Сити подоцна со головите на Агуеро и Сане славеше со 2:1, додека за Ливерпул погоди Фирмино.

Инаку, Ливерпул во тој натпревар влезе со предност од седум бодови, а Сити со победата се доближи на четири.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…