Дома Македонски спорт Мак фудбал Поранешниот тренер на Пехчево седна на клупата на Каменица Саса

Поранешниот тренер на Пехчево седна на клупата на Каменица Саса

За нов шеф на Стручниот Штаб на ФК Каменица Саса е избран Иван Варадиновски фудбалско име со кое почнуваат новитетите во зелено-црниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иван Варадиновски е поранешен прв човек на клупата на ФК Пехчево, кадешто 2 години бил и асистент на шефот на стручниот штаб, поранешен тренер на најмладите категории на Штипска Брегалница кадешто продолжил како тренер во пионерско-младинската школа.

Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип кадешто за првпат настапува и во сениорски тим, фудбалер е и на Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.

“Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Каменица Саса за укажаната доверба и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана!”, изјави Варадиновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …