Дома Фудбал Италија Поранешниот претседател на Јувентус даде предлог за размена помеѓу Наполи и Јувентус!

Поранешниот претседател на Јувентус даде предлог за размена помеѓу Наполи и Јувентус!

dybala

Џовани Коболи Џили зборуваше за радиото од Неапол „Кис Кис“ и даде еден интересен предлог пред дербито за викендот.

Во недела на програмата е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус во рамките од Серија А, а како одлична увертира послужи предлогот на поранешниот претседател на „старата дама“, Џорџано Коболи Џили.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој ги анализираше двете екипи и нивните играчи и им предложи интересна размена.

Поранешниот претседател на Јувентус верува дека Јувентус и Наполи би требало да ги разменат Паоло Дибала и Калид Кулибали.

„Мислам дека на Дибала му е потребно ново искуство и Наполи е добра средина за него. Анчелоти може да го извлече најдоброто од него. Според мене тоа би бил идеален потег за неговата кариера“.

„Сепак, Дибала вреди околу 130 милиони, но доколку денес сум во Јувентус би направил се за да го доведам Кулибали“, изјави Џовани.

Дибала се поврзува со заминување од Јувентус, но Наполи досега не бил во комбинација, додека за Кулибали интерес покажуваа голем број европски гиганти.

Иначе овие денови на големо се пишува за трансфер помеѓу ривалите во Италија, но не помеѓу Јувентус и Наполи, туку помеѓу „старата дама“ и Интер.

Познатиот новинар Танкреди Палмери тврди дека Наполи испратил понуда за Икарди, но дека од Интер веќе стапил во контакт со тимот на Јувентус за трансфер на аргентинскиот голгетер. Ќе потсетиме, Икарди пропушти веќе четири натпревари на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…