Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санз се наоѓа на интензивна нега во шпанска болница, јавуваат тамошните медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реномираната Марка објави дека 76-годишниот Санз се наоѓа во тешка ситуација и со висока температура и дека е во групата на оние луѓе кои се сомнителни дека имаат коронавирус.
„Иако резултатите на тестот се уште не се готови, лекарите се убедени дека се работи за коронавирус.“ – пишуваат Шпанците.
Санз на чело на Кралевите беше во периодот од 1995 до 2000 година. Тогаш Реал Мадрид освои два трофеи во ЛШ, победувајќи ги во финалето Јувентус и Валенсија.