Дома Фудбал Англија Поранешниот играч на „ѓаволите“: Погба нема да остане во Манчестер Јунајтед

Поранешниот играч на „ѓаволите“: Погба нема да остане во Манчестер Јунајтед

pogba

Францускиот играч за врска од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба веќе подолго време е мета на шпекулации и гласини кои го поврзуваат со заминување од „Олд Трафорд“.

Изминатото лето Погба на големо се поврзуваше со трансфер во редовите на Барселона, а сега францускиот фудбалер како што сезоната изминува така се почесто се поврзува со големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Погба е на листата желби на Зинедин Зидан, тоа стратегот на Реал Мадрид не го криеше и неодамна порача дека Погба е фудбалер кој му се допаѓа.

Дополнителна причина што гласините за трансфер во Реал Мадрид беа зголемени беше изјавата на Погба од пред неколку недели.

„Секој фудбалер сонува да заигра за Реал Мадрид“, изјави тогаш Погба.

Поради сите овие случувања поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Инс смета дека Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер мора да го убеди Погба дека тимот ќе го гради околу него. Сепак, искрено не верувам дека и наредната сезона ќе го гледаме Погба во дресот на Манчестер Јунајтед“.

„Тешко е да кажате не кога ве бара Реал, но исто така Погба не се снајде баш најдобро од враќањето, сега работите не се лоши, но мислам дека ќе замине. Како што кажав Оле мора да направи нешто и да го убеди дека е потребен на тимот“, изјави Инс.

Оваа сезона Погба проигра дури откако Солскјер седна клупата и има учинок од 14 голови и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…