Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Сити во САД не се чувствува безбеден: Не верувам во полицијата

Поранешниот играч на Сити во САД не се чувствува безбеден: Не верувам во полицијата

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Недум Онуоха во САД не се чувствува 100% безбедно.

Онуоха игра за Реал Солт Лејк во седиштето на Јута. Него како и многумина го погоди веста за Џорџ Флојд.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секогаш сум внимателен како се однесува и како можам да ги гледам луѓето кои имаат моќ. Не ми се допаѓа тоа, но имам страв и не верувам во полицијата“, изјави 33 годишниот фудбалер.

Полицаецот во Минеаполис, Дерек Шаубин кој клекна на вратот на Флојд е обвинет за неговата смрт. Покрај него обвинети се уште тројца полицајци, а ширум САД од тогаш започнаа жестоки протести.

„Сакам да живеам во оваа земја, но постои  друга страна. Свесен сум каде сум, ако полицијата погрешно ме прочита може животот да ми биде одземен. Не се чувствувам 100% безбеден“, изјави Онуоха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал му се заканува затворска казна од две ипол години

Шпанските обвинители бараат поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз, Луис Рубиалес да…