Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил во последно време игра одлично, меѓутоа Јан Рајт има занимливо мислење кога во прашање е неговата сегашна форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некогашниот напаѓач на Топџиите мисли дека Германецот игра добро поради тоа што сака да го привлече вниманието во јануарскиот преоден рок.
„Озил конечно станува таков играч каков што сакавме да го гледаме од почетокот во Арсенал“.
„Нормално, добро е тоа да се види во овој момент, но исто така мислам дека зад неговите добри партии има само една причина – се спрема да го напушти клубот.“
„Се надевам дека сам во грешка, но се плашам дека сум во право. Со оглед на времето и неговата добра форма, ќе се изненадам доколку Озил потпиша нов договор и остане во Арсенал.“ – изјави Рајт за Сан.