Дома Фудбал Поранешната ѕвезда на Реал: Забавите и девојките ми беа поважни од фудбалот

Поранешната ѕвезда на Реал: Забавите и девојките ми беа поважни од фудбалот

Реал Мадрид во последните 20 години има големи успеси на трансфер пазарот, но некои трансфери се покажаа како лоши.

„Кралевите“ платија 14 милиони евра за Ројстон Дренте кој стигна како тинејџер од Феенорд, но сепак не ги оправда очекувањата.

За Дренте до тој момент речиси и никој немаше слушнато, но во Реал беа сигурни дека станува збор за голем талент.

Дренте играше за првиот тим на Реал и не остави добар впечаток, па подоцна замина на позајмица, а договорот му заврши во 2012 година.

Фудбалерот во разговор за „Газета дело Спорт“ ја отвори душата и призна дека самиот е виновен што не успеа во „кралскиот“ клуб.

„Не бев подготвен да бидам професионалец. Мислев дека сум Бог, но исто така сакав да се забавувам и да останувам до доцна. Поважни ми беа забавите и девојките. Фудбалот и таков стил на живот едноставно не може да се комбинираат“, призна Дренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…