Дома Фудбал Англија Поранешиот играч на ПСЖ и Ливерпул: Многу добро знам што е глад, спиев со клошари улиците во Париз

Поранешиот играч на ПСЖ и Ливерпул: Многу добро знам што е глад, спиев со клошари улиците во Париз

sakho

Многу денешни фудбалски ѕвезди имале тешки почетоци и трновит пат до врвот. Еден од нив е Мамаду Сако.

Сако е поранешен играч на Ливерпул, денес игра во Кристал Палас и заработува милиони на месечно ниво, но некогаш ситуацијата за овој човек била претешка и тешко издржлива.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За своето детство за англиските медиуми зборуваше самиот Сако.

„Детството го поминав во квартот во Париз Гует Д’Oр. Тоа беше една мултиетничка заедница. Повеќе бевме гладни отколку сити. Многу добро знам што е глад, многу добро знам што е и студ од кој не можеш да се одбраниш бидејќи немаш зимска облека, а мораш да просиш бидејќи си гледаен“, започна Сако….

„Спиев на улица, со клошари на клупите во Париз. Бев едно од безбројте деца кои просат таму. Најлошото чуство го доживеав кога имав 13 години. Погледот ми се сретна со една госпоѓа. Само што ја испружив раката мислејќи дека ќе добијам милостина таа ја стисна торбата до себе. Сакав да замолам за нешто ситно за да си купам леб, а таа мислеше дека сум некој крадец. Тогаш се почуствував понижен и засрамен…Не можам ниту да го опишам тоа чуство. Тогаш си ветив самиот на себе: Доколку некогаш бидеш во ситуација како таа Парижанка никогаш нема да бидеш егоист со предрасуди и ќе помагаш“, тврди фудбалерот на Кристал Палас.

Сако освен во Ливерпул играше и во Пари Сен Жермен, а во Франција има основано фондација која им помага на сиромашните во Франција, Англија и Африка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…