Дома Фудбал Останато Пораката на Нерес „јас сум фудбалер дојди кај мене“ не успева кај сите – овој фудбалер доби „корпа“!

Пораката на Нерес „јас сум фудбалер дојди кај мене“ не успева кај сите – овој фудбалер доби „корпа“!

Друштвените мрежи често пати се алат за „освојување“ девојки кога во прашање се познатите фудбалери.

Младиот играч на Ајакс, Давид Нерес (22) неодамна откри дека неговата сегашна девојка Кира ја освоил така што преку Инстаграм и испратил порака во која пишувало само: Јас сум Давид Нерес, дојди кај мене.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не морав многу направам за да ја освојам мојата сегашна девојка. Ја најдов на Инстаграм и испратив приватна порака во која пишуваше: Јас сум Давид Нерес, фудбалер на Ајакс, дојди кај мене. Тоа беше доволно“, изјави неодамна Нерес.

После оваа негова изјава следуваа бројни критики на сметка на неговата девојка. Таа добиваше навредливи, дури и заканувачки порака, па Нерес мораше да се „поправи“.

„Како резултат на моето последно интервју, мојата девојка доби неколку пораки на омраза. За секој кој не сфати, тоа беше шега и не мора секогаш работите да ги сфаќаме толку сериозно“, се поправи младиот фудбалер.

Неговата изјава не само што предизвика контроверзии, туку и охрабри играч од шпанската трета лига да се обиде со техниката на Нерес и да се поврзе со пејачката Атина (19).

Едуардо Мартинез-Олива е голман на шпанскиот нисколигаш Чуре, а тој преку социјалните мрежи се обидел да освои девојка со иста порака како и Нерес.

„Здраво, јас сума Едуардо Мартинез, играч на Чуре, дојди кај мене“, стоело во пораката.

Сепак, тој немал успех, Атина не му одговорила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната по…