Дома Останати Кошарка НБА Пораз на Лејкерси, фантастична вечер на Гоберт, дабл-дабл на Јокиќ за победа на Денвер

Пораз на Лејкерси, фантастична вечер на Гоберт, дабл-дабл на Јокиќ за победа на Денвер

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари.

За издвојување е победата на Филаделфија против Лејкерси од 107:106. Одличен натпреваро дигра Ембид кој уфрли 28 поени и додаде шест скокови, кај Лејкерси Леброн го заврши натпреварот со 34 поени.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ноќта ја обележа Руди Гоберт кој во победата на Јута против Далас со резултат 116:104 имаше дабл-дабл учинок од 29 поени и дури 20 скокови. Не помогна на Далас ниту одличната поентерска вечер на Лука Дончиќ. Дончиќ мечот го заврши со 30 поени, 4 скока и 6 асистенции. Најефикасен на натпреварот беше Кларксон со 31 поен и 7 скокови.

Одличен беше и Бил кој уфрли 47 поени, но тоа не беше доволно за Визардси да слават против Пеликанс (124:106).

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до триумф (82:109) против Мајами со дабл-дабл учинок од 21 поен, 11 скокови и 3 асистенции. Имаше подршка и од Портер кој постигна 17 поени, поедели 5 асистенци и запиша една асистенции. Кај Мајами се истакна Нун со 17 поени.

Во дербито на вечерта Бакси беа подобри од Рапторси.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Индијана 106:116, Кливленд – Детроит 122:107, Орландо – Сакраменто 107:121, Атланта – Бруклин 128:132 (пп), Мајами – Денвер 82:109, Филаделфиј – Лејкерси 107:106, Торонто – Милвоки 108:115, Сан Антонио – Бостон 110:106, Њу Орлеанс – Вашингтон 124:106, Феникс – Орландо 97:102, Јута – Далас 116:104, Голден Стејт – Минесота 123:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…