Дома Останати Кошарка НБА Пораз за Лејкерси од Бостон и со Леброн, Голден Стејт гази и без Кари!

Пораз за Лејкерси од Бостон и со Леброн, Голден Стејт гази и без Кари!

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

ЛА Лејкерси никако да стартуваат според очекувањата, па сега го запишаа и третиот пораз во низа, кој за нив е вкупно девети. Против Бостон го имаа и Леброн во составот, но сепак на крајот беа поразени со 130:108.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рамноправен противник Лејкерси беа само во првата четвртина, а потоа Бостон сигурно го трасираше патот кон победата. Дејвис постигна 31 поен, а Леброн 23, додека победниците беа предводени од Татум со дабл-дабл од 37 поени и 11 скока.

Стеф Кари поради повреда не настапи за Голден Стејт, но и без него Ворирорси дојдоа до победа. За нив ова беше 14. победа во 16. натпревар сезонава. Имаше Голден Стејт водство во текот на целиот меч, Детроит успеа до некаде да се врати само во последната четвртина. Во отсуство на Кари Пул беше најефикасен со 32 поени, Вигинс уфрли 27 поени. Во редовите на Детроит Џексон стигна до 27 поени.

Денвер без Никола Јокиќ на домашен терен претрпе пораз од Чикаго со 108:114. Лавин ги предводеше Булси со 36 поени, додека Гордон со 28 поени беше најефикасниот кај Денвер.

Јанис Антетокумпо со одличен дабл-дабл од 21 поен, 19 скокови и 7 асистенција ги водеше Милвоки до победа со Оклахома од 96:89.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Индијана 121:118, Детроит – Голден Стејт 102:105, Бостон – ЛА Лејкерс 130:108, Бруклин – Орландо 115:113, Милвоки – Оклахома 96:89, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 94:81, Денвер – Чикаго 108:114, Феникс – Далас 112:104, Сакраменто – Торонто 89:108.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…