Дома Трансфер зона Поради санкции од УЕФА Милан би можел експресно да остане без Пјонтек?

Поради санкции од УЕФА Милан би можел експресно да остане без Пјонтек?

Криштоф Пјонтек после само шест месеци престој на „Сан Сиро“ би можел да ја промени средината.

Одличниот Пјонтек минатото зимо во трансфер вреден 35 милиони евра премина од Џенова во Милан и неговиот трансфер се покажа како полн погодок за „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа веќе ова лето 23 годишниот напаѓач би можел да ги спакува куферите и да се подготвува за трансфер на некоја друга дестинација. Причина се санкциите од УЕФА поради кршењето на финансискиот фер плеј.

Доколку Милан не се избори за пласман во Лигата на шампионите поради големата загуба „росонерите“ ќе бидат приморани да продаваат некои од најдобрите играчи.

Според пишувањето на „Ла Република“ помеѓут петте играчи се наоѓа и Пјонтек со оглед на дека од него Милан може да заработи голема сума. Оваа сезона во Серија А полскиот напаѓач постигна 21 гол.

Милан вредноста на својот напаѓач ја проценува на 50 милиони евра што на миланскиот клуб би му донела заработка од 15 милиони евра во случај на продажба.

Пјонтек во Италија пристигна минатото лето од Краковија за само 4.5 милиони евра. Својата авантура во Серија А ја започна на феноменален начин. Во првите осум кола постигна исто толку голови.

Одличните настапи му донсоа експресен трансфер во Милан каде што исто така продолжи со добрата форма, но во финишот на сезоната бележи пад во играта како и целиот тим на Милан.

Милан вечерва против Болоња го игра својот натпревар од 35-тото коло во Серија А. Со евентуална победа „росонерите“ би стигнале на три бода од четвртопласираната Аталанта и се уште би имале шанси за пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…