Дома Фудбал Поради родененската забава Семедо отстранет од првиот тим на Барселона

Поради родененската забава Семедо отстранет од првиот тим на Барселона

Вчера беше објавено дека фудбалерот на Барселона Нелсон Семедо не ги почитувал мерките пред рестартот на сезоната во Примера и поради тоа каталонскиот клуб веќе ги превзема првите мерки.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Семедо не ги почитувал протоколите и присуствувал на родененска забава во ресторан на која присуствувале повеќе од 20 лица и тоа е спротивно од прописите кои ги објави Ла Лига.

Барселона се уште не одлучила дали ќе следува поголема казна за Семедо, меѓутоа тој денес не тренираше со првиот тим и така ќе биде додека не му биде направен нов тест.

Ако не добие дополнителна казна од Барселона и ако тестот му се покаже како негативен тогаш Семедо ќе може да продолжи со нормалните тренинзи со тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неговата приказна во Мадрид е завршена: Реал се откажа од голема ѕвезда!

Реал Мадрид донесе голема одлука. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени не е во план…