Дома Фудбал Поради поразот на Болоња се „тресела“ болницата од бесот на Михајловиќ

Поради поразот на Болоња се „тресела“ болницата од бесот на Михајловиќ

Mихајловиќ беснеел после поразот од Келн.

Без оглед што се километри далеку од тренерот, фудбалерите на Болоња го почуствувале бесот на Михајловиќ после поразот од Келн (3:1). Српскиот тренер и понатаму е на терапија во болницата во Болоња и од таму следи се што се случува во клубот.

Како што пишува италијанската „Република“ повикувајќи се на свој извор се „тресела“ болницата од критиките до играчите кои Михајловиќ ги испраќал преку видео камера.

„Бевме во другата соба, вечеравме и неговото викање го слушнавме многу добро. Тоа е добар знак бидејќи значи дека се чуствува добро“, изјавил изворот на римскиот клуб.

Дека критиките вродиле со плод покажаа победите кои следеа потоа против Шалке (3:2) и Аугусбург (3:2).

„Шефот беше бесен после мечот со Келн и тоа јасно ни го кажа. Поради тоа се потрудивме на наредните натпревари да одиграме подобро“, изјави Роберто Соријано, играчот за врска на Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…