Дома Трансфер зона Поради повредата на Мањан Милан договори нов голман

Поради повредата на Мањан Милан договори нов голман

Вчера беше потврдено дека голманот Мајк Мањан ќе мора да оди на операција, па Милан одреден период ќе биде без него.

Поради таквцата ситуација Паоло Малдини и Стефано Пиоли брзо реагирале и стигнаа до најдобрата опција во овој момент, Антонио Миранте. Како што е познато бидејќи трансфер пазарот е затворен можат да се ангажираат само играчи кои се без клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Миранте остана без ангажман откако ја напушти Рома, се најавуваше дека ќе потпише со Специја, меѓутоа кога Милан се појавил работите се промениле.

Без Мањан Милан има само еден голман во составот тој е Кристијан Татарушани, третиот голман Плицари исто така е повреден. Миранте е искусен голман кој ја започна кариерата во Јувентус, а покрај Рома бранеше уште за Сампдорија, Парма и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…