Дома Македонски спорт Мак ракомет Поради несериозноста на Шпанците десет ракометари на Тинекс Пролет заглавија во карантин

Поради несериозноста на Шпанците десет ракометари на Тинекс Пролет заглавија во карантин

Tимот на Пролет се соочи со големи проблеми по враќањето во Македонија од натпреварот со Шпанија каде што играа против Гранолјерс.

Закажаното тестирање било откажано во последен момент, па без ПЦР тестови се вратиле во Македонија. Поради таквата несериозност на Шпанците ракометарите на РК Пролет кои не биле вакцинирани мораа да одат во карантин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот се огласи со соопштение и истото ви го пренесуваме во целост:

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста за несаканата случка пред и по враќањето назад од

Шпанија во Македонија.

Имено, клубот имаше уредно закажано ПЦР тестови во Шпанија неколку часа пред вториот натпревар што беше одигран против екипата на Гранолјерс во саботата во 17.30 часот, за резултатите да бидат добиени до крајот на денот, се со цел со комплетна здравствена документација согласно домашните протоколи да допатуваме назад во Скопје. Тестовите на наше општо изненадување беа откажани во последен миг, не оставајќи воопшто време за „План Б“, бидејќи летот од Барселона за Скопје налагаше на аеродромот да пристигнеме пред 7 часот наутро наредниот ден, а натпреварот со Гранолјерс заврши околу 19 часот.

Во една таква ситуација, сите ракометари на Тинекс Пролет кои не беа вакцинирани, поради немање на ПЦР тест при враќањето во Скопје согласно протоколите на Владата добија решенија за самоизолација. Станува збор за десет играчи кои во наредните денови ќе бидат надвор од тренажен процес.

Сакаме да информираме дека во текот на денешниот ден, овие десет ракометари беа соодветно тестирани и сите добија негативни резултати на ПЦР-тестирањето. По овие негативни тестови, периодот на самоизолација се намалува на пет дена со повторно тестирање што ќе биде извршено петтиот ден. Со тоа, ќе се забрза и нашето враќање на терените за што побрзо почнување со натпревари во Супер-лигата на Македонија“.

Фото: РК Тинекс Пролет

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…