Фудбалскиот клуб Порто денеска соопшти дека тренерот Серхио Консеисао го напуштa клубот.
Консеисао неодамна го продолжи договорот, но изборот на новиот претседател на клубот Андре Вилас Боаш го забрза неговото заминување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според португалските медиуми, 49-годишниот тренер би можел да го преземе Олимпик од Марсеј, а на клупата на Порто би требало да го замени неговиот помошник Виктор Бруно.
Во 2017 година, Консеисао го презеде Порто и освои 11 трофеи, вклучувајќи три титули во лигата во 2018, 2020 и 2022 година. Последен трофеј што го освои беше Купот на Португалија на 26 мај со победата од 2:1 против Спортинг.
Порто оваа сезона ја заврши на третото место на табелата со 18 бода помалку од шампионот Спортинг.
Консеисао играше за Порто, како и за Лацио, Рома, Парма и Интер, кариерата ја заврши во ПАОК во 2009 година, а една година подоцна стана тренер.