Мохамед Салах веќе неколку години е најдобар фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите во Премиер лигата, па клубот прави се за да го задржи на „Енфилд“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салах има договор до 2023 година, но „ЕСПН“ пишува дека Ливерпул е спремен да го направи најплатениот играч во историјата на англиската Премиер лига.




„Црвените“ се спремни да му понудат плата од 592.000 евра неделно, односно 31 милион евра годишно, па така Салах ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.




Салах игра фантастично оваа сезона и на 24 натпревари постигна 22 гола и запиша девет асистенции.