Дома Фудбал Англија Понуда која не се одбива: Пулишиќ од јануари во Лондон

Понуда која не се одбива: Пулишиќ од јануари во Лондон

Кристијан Пулишиќ од јануари најверојатно ќе се пресели на Островот и остатокот од сезоната ќе настапува како играч на Челси.

Пулишиќ веќе со месеци се поврзува со лондонскиот клуб, а според последните информации, трансферот е договорен и ќе биде реализиран откако ќе биде отворен јануарскиот преоден рок.

Челси покажа најголем интерес и Мирор јавува дека овој клуб договорил трансфер со Дортмунд кој ќе чини 70 милиони фунти.

Од Дортмунд претходно најавија дека Пулишиќ ќе остане до крајот на сезоната, но Сините сакаат да го видат на Стемфорд Бриџ веќе во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид со порака: Ова е одвратно, сакаме да ја напуштиме Ла Лига!

Телевизискиот канал на Реал Мадрид повторно предизвика голема бура во Шпанија по мадридско…