Дома Топ вести Понудата од Лондон за Икарди е спремна – се чека одговорот на Ванда и Интер!

Понудата од Лондон за Икарди е спремна – се чека одговорот на Ванда и Интер!

icardi

Според аргентинските медиуми понудата е спремна.

Ако може да им се верува на информациите до кој дојде „TNT“, Челзи ја започнува операцијата „Мауро Икарди“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што наведува споменатиот медиум, Челзи до Милано ќе испрати понуда од околу 63 милиони евра, што според ситуацијата на трансфер пазарот изгледа како недоволна за „нероаѕурите“ да кажат „да“.

Икарди во овој момент води преговори со Интер и од Италијанците бара плата од осум милиони евра по сезона.

Сепак, големо влијание во одлуката на Икарди сигурно ќе има неговата сопруга Ванда Нара која е и негов агент. Наводно, нејзина прва опција е Париз што во превод значи – Пари Сен Жермен.

Договорот на Икарди со Интер има важност до јуни 2021 година, меѓутоа очекувањата се клубот да го напушти ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…