Ќе има бура во Шпанија или барем причина за расправа и препреки помеѓу навивачи на Реал Мадрид и Барселона.
Расправата кој повеќе е толериран во Шпанија сигурно никогаш нема да заврши, а сега навивачите на Барселона сигурно ќе имаат што да приговорат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, црвениот картон на бразилското чудо од дете Винисиус Жуниор (18) е поништен и Лопетеги ќе може да смета на него во големото дерби. За оние кои не се упатени, скапо платените тинејџер заработи исклучување минатиот викенд играјќи за младинскиот тим на Реал против Селта.
Винисус во тој натпревар доби два жолти картони. Првиот во 67-та минута поради конфликт со противнички играч, а вториот три минути пред крајот поради обид да одглуми пекршок.
Судијата Алекандар Гоналес немаше респект кон Бразилецот платен 45 милиони евра и му го покажа патот кон соблекувалната.
Реал Мадрид веднаш испрати жалба и бараше црвениот картон да биде избришан – содржината на барањето засега не е позната за медиумите.
Сега се е на Лопетеги. Тренерот на Реал во досегашниот дел од сезоната на два пати му даде шансе на Винисус против Атлетико две минути и десетина минути против Алавес. Покрај тоа преседе и уште два натпревари на клупата за резерви на првиот тим.
Дали ќе добие шанса во „Ел Класико“ останува да видиме во недела во 16:15 часот.