Дома Фудбал Помошникот на Алегри го нападна Спалети: „Ќелаво ко*иле, ќе ти го изедам срцето“

Помошникот на Алегри го нападна Спалети: „Ќелаво ко*иле, ќе ти го изедам срцето“

Помошниот тренер на Масимилијано Алегри, Марко Ландучи вербално го нападнал тренерот на Наполи, Лучијано Спалети за време на дербито.

По крајот на натпреварот, Ландучи бесен на некои судиски одлуки му рекол на Спалети кој стоел на метар од него: „Ќелаво копиле, ќе ти го изедам срцето“.

Тренерот на „наполитанците“ не му одговори и наместо тоа се упати кон соблекувалната на својот тим.

Италијанската федерација експресно му изрече казна на Ландучи, кој е казнет со парична глоба од 5.000 евра и суспензија од еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…