Дома Фудбал Поминаа 17 години од најголемата бура во соблекувалната на Јунајтед: Сите бевме шокирани

Поминаа 17 години од најголемата бура во соблекувалната на Јунајтед: Сите бевме шокирани

Понекогаш ненамерните потези или случајните грешки можат да имаат големи последици. Такво нешто се случи во Манчестер Јунајтед во 2003 година.

Пред 17 години на „Олд Трафорд“ заврши една ера. „Виновник“ за тоа е Сер Алекс Фергусон, а редовите на „црвените ѓаволи“ ги напушти Дејвид Бекам.

Откако Манчестер Јунајтед изгуби од Арсенал во ФА Купот легендарниот Шкот во соблекувалната шутнал копачка и му ја скршил аркадата на Бекам кој во тој период голема ѕвезда и еден од најдобрите играчи.

На таа бурна сцена присуствувал Микаел Силвестре кој за „FourFourTwo“ раскажа детали.

„Бев таму. Сите беа шокирани, но такви работи се случуваат во соблекувалните. Тоа беше случаен удар. Несреќно копачката заврши во лицето на Бекам. Беше многу лут, моравме да интервенираме за да спречиме поголем инцидент. Тука беше и крајот. Од тој момент нивниот однос не беше ист и веројатно тоа беше главната причина за неговиот трансфер во Реал Мадрид во летото кое следеше“.

Бекам на сопствено инсистирање си замина од Манчестер Јунајтед и потпиша за Реал Мадрид во трансфер вреден 25 милиони фунти.

Силвестре на „Олд Трафорд“ помина девет години. Освои бројни домашни трофеи, но и Лигата на шампионите во 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…