Полугола девојка вчера го привлече вниманието на машкиот слалом во австрискиот Шалдминг, а потоа се покажа дека таа девојка била Инстаграм Ѕвездата Кинси Волански.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таа втрча на патеката во исто време кога Италијанецот Алекс Винтазер ја превзема лидерската позиција. Камерите тогаш забележија полугола девојка во костим за капање како трча и носи натпис посветен на Коби.
Потоа беше забележана во крупен кадар и се покажа дека станува збор за Волански која стана ѕвезда откако го прекина финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем минатата година.