Дома Македонски спорт Полувреме: Tрајковски и Барди обезбедија одлична предност! 🎥

Полувреме: Tрајковски и Барди обезбедија одлична предност! 🎥

Македонската фудбалска репрезентација одигра одлично полувреме во Ереван против Ерменија и во вториот дел ќе влеземе со одлична предност од 0:2.

Александар Трајковски во 22. минута го отвори резултатот после асистенцијата од Стефан Ашковски кој изведе одличен продор по десната страна.

Имавме игра, не дозволуваме Ерменија да игра топката беше во наши нозе, изгледавме сигурно на теренот. Немавме премногу 100% прилики, меѓутоа се играше пред голот на Ерменија. Таквата игра донесе резултат кога Барди шутираше надвор од шеснаесетникот и зголеми на 0:2.

На пет минути до крајот од првиот дел Трајковски имаше добра прилика, но неговиот удар го одбрани голманот на Ерменците. Со ваква игра во второто полувреме не би требало да има некакви изненадувања и за очекување е да ги освоиме трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп: „Овие резултати се дел од процесот, составот и измените беа целосно моја одговорност“

Јирген Клоп ги коментираше последните резултати и призна дека одлуките околу составот и на…