Денес Вардар го игра натпреварот против Кил во рамките од Лигата на шампионите.
Кил со оглед на проблемите кои ги имаше Вардар во првиот дел од сезоната влезе како фаворит во овој натпревар. На стартот се играше изедначено, меѓутоа така беше се до резултат 3:3.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тогаш Кил не започна да игра нешто посебно, туку Вардар влезе во еден црн период во кој беше повеќе од пет минути во реализација. Во 15. минута Кил стигна до тогаш највисоки +5 (10:5).
Потоа Вардар успеа со два брзи гола да намали на 10:7, меѓутоа на ист начин возврати и германскиот, па стигнаа и до плус шест (13:7).
Голема шанса Вардар целосно да се врати во резултатска неизвесност имаше кога при резултат 15:10 во 23. минтуа Дибиров и Чупиќ промашија два зицери. За среќа во тој период на голот на Вардар беше одличниот Гедбан, па Вардар успеа во наредните два напади да стигне до 15:12. По неколку промашени напади Кил и во следниот беше на раб на пасивен напад, но сепак Германците реализираа за 16:12.
Со гол во последната секунда на Зарабец Кил на полувремето замина со предност од 18:14.
Во редовите на Вардар на полувремето Криштопанс има пет гола, додека Чупиќ и Стоилов имаат по три.