Македонија на полувреме има 0:0 против Италија, играме, се држиме засега…
Италија од првата минута започна за да притиска и да создава шанси пред нашиот гол, така беше се до околу 15-тата минута кога започнавме да се ослободуваме од притисокот, но никако не успевавме да создадеме посериозна прилика за гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Моментите кога Италија не напаѓаше се играше на нашата половина. Кон средината на полувремето грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди но за среќа стигна да се врати. Продолжи италија со нападите и во следните минути од полувремето.
Добра прилика имаа Италијанците и во 37. минута, а можеше да се забележи и малата паника во нашите редови со игрешките кои ги правевме. Чурлинов во последните пет минути влезе во една добра контра, меѓутоа не успеа да истрча до крај и беше запрен од Манчини.
Првата закана Македонија ја испрати преку Трајковски во 45. минута преку Трајковски кој шутираше директно во Донарума.