Дома Македонски спорт Мак ракомет Полувреме: Кизиќ и денес блеска, Вардар и со сите проблеми го мачи Монпелје!! (ФОТО)

Полувреме: Кизиќ и денес блеска, Вардар и со сите проблеми го мачи Монпелје!! (ФОТО)

Вардар денес го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Монплеје.

Стартот од натпреварот денес ветуваше. И покрај сите проблеми Вардар започна херојски и водеше 3:0. Тогаш гостите го постигнаа првиот гол. Следуваа нови два гола на Вардар за 5:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Кизиќ беше брилијантен на голот, меѓутоа Вардар во следните минути не беше толку ефикасен, па Монпелје се врати во игра. Првпат до изедначување стигнаа на 6:6.

Во наредниот период гледавме игра гол за гол, Монплеје првото водство во натпреварот го имаше во 19. Минута (8:9).

Монплеје поведе и со два гола разлика, но Вардар не се предаваше па го изедначи резултатот во 22. минута (11:11). По изедначувањето на Вардар Кизиќ повторно блесна на голот и Вардар имаше напад за да ја врати предноста. Вардар погреши, меѓутоа и Французите погрешија пред нашиот гол, Овој пат Вардар не ја пропушти шансата и со голот на Дибиров го врати водството (12:11).

Последните пет минути донесоа изедначена игра, па резултатот по првиот дел гласеше 13:14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…