Полска утре ќе игра против Унгарија, а во овој натпревар ќе биде без својот најдобар играч и стрелец Роберт Левандовски.
Покрај Левандовски против Унгарија Полска ќе биде без Глик и Крачовијак. Глик и Крачовијак нема да настапат затоа што се чуваат од картони, додека Левандовски добива одмор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Репрезентацијата на Полска веќе го обезбеди баражот, па затоа натпреварот со Унгарија за нив нема резултатски императив. Со 20 бодови тие се втори на табелата, лидер е Англија со 23 бода и во последното коло му гостува на Сан Марино.
Второто место Полска гоа обезбеди со победата против Андора и во овој момент имаат пет бода повеќе од Албанија и шест од Унгарија. Единствено што им останува е борбата за позиција да бидат помеѓу носителите во баражот.