Рахим Стерлинг ја напушти репрезентацијата на Англија и не беше во составот за натпреварот против Сенегал кој Англија го доби со 3:0.
Првичните информации на медиумите дека напаѓачот си заминал поради грабеж во неговиот дом се покажаа како точни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стетрлинг веднаш го напуштил кампот на Англија и се врати во Лондон да биде со семејството. Герет Саутгејт на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека не знае дали Стерлинг ќе се врати со репрезентацијата.
Денес полицијата на Островот откри детали за инцидентот. Потврдено дека нешто пред 21:00 часот пристигнала пријава за грабеж.
По пристигнувањето на полицијата на местото на настанот разбојниците си заминале со накит, часовници и други вредни предменти. Нacилcтво и закани не биле пријавени.