Дома Фудбал Англија Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино тврди дека средбата помеѓу него Зинедин Зидан и Дејвид Бекам во еден лондонски ресторан била случајна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера таблоидот „Сан“ објави фотографии на кои се гледата Покетино, Бекам и Зидан како излегуваат од споредниот влез на еден ресторан во Лондон. (ОВДЕ).

„Бев на вечера со мојот асистент Хесус Перес и уште еден човек. Случајно се сретнавме со Зидан и Бекам и тоа е целата вистина. Само се поздравивме, бидејќи случајно се видовме таму, но потоа се појавија шпекулации кои не можеш да ги запреш“, објасни Покетино.

„Тоа е реалноста. Завршивме скоро во исто време. Зидан дојде да се поздрави, зборувавме две минути и потоа се разделивме“, тврди стратегот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…