Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, на интересен начин го прокоментира киксот проти нисколигашот Рочдел.
Имено, „Спарси“ не успеаа да го елиминираат нисколигашот и одиграа 2:2 во ФА Купот, што значи дека мечот ќе се преигра на стадионот „Вембли“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ФА Купот е магија. Ќе имаме нова можност на „Вембли“, позната ситуација од последниот круг“, истакна Покетино по мечот.
„Не се радував по вториот гол на Кејн, бидејќи многу добро знам што се случува, ако помислиш дека дуелот е завршен. Тоа се случи. Јас не сум изненаден од претставата на Рочдел. Овој турнир е радикално поразличен од сите други. Во претходната рунда, Њупорт одигра фантастично против нас, а во следниот натпревар во лигата загуби 0:5. Мотивацијата во овие дуели секогаш е огромна. Не се лесни ваквите натпревари. Сакавме да победиме, но сепак имаме уште една можност да го направиме тоа“, заклучи Аргентинецот.