Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна денес дека дефанзивецот Тоби Алдервејрлд до февруари следната година ќе биде надвор од терените.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белгискиот дефанзивец ја повреди задната ложа на дуелот против Реал Мадрид во ЛШ.
Тотенхем од тогаш на само еден од шесте натпевари во ПЛ ја сочува својата мрежа.
„Не можеме да ја промениме реалноста, а тоа е дека Алдервејрлд се повреди и не може да ни помогне. Некои играчи имаат поголемо влијание во тимот, но ние имаме тим и играчи кои можат да се заменат“, истакна Покетино.
Алдервејрлд ќе пропушти најмалку девет лигашки натпревари до февруари, вклучувајќи ги и дуелите против Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.