Иднината на Кристиан Ериксен е главна тама во последно време и се погласни се шпекулациите дека на лето би можел да го напушти Тотенхем.
Данецот синоќа повторно беше херој на „спарси“ и со неговиот гол му донесе многу важна понеда на тимот против Брајтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се работи за многу специјална ситуација. Кристијан е специјална личност, сите ние сме различни. Мораме да го разбереме ова. Во споредба со други фудбалери, тајмингот и времето потребно за тој и клубот да договорат нешто е поразлично“, изјави Покетино.
„Се надевам и посакувам Кристијан да биде со нас во иднина. Мислам дека Ериксен и Тотнем се отворени за дискусија и ќе видиме што ќе се случи. По крајот на сезоната, ќе има многу време за дискусија“, додаде стратегот.
Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува во 2020 година, а двете страни се уште немаат најдено заеднички јазик за продолжување на соработката.
Ова лето Ериксен ќе влезе во последната година од договорот, па е последна шанса Тотенхем да заработи на неговиот трансфер.
За него силен интерес покажува Реал Мадрид, а наводно и самиот фудбалер е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“.