Дома Фудбал Англија Покетино пред отказ во Тотенхем

Покетино пред отказ во Тотенхем

Тотенхем минатата сезона го постигна најголемиот успех во својата историја и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, но оваа сезона бележе слаби резултати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа разнишана е позицијата на тренерот Покетино, па натпреварот против Вест Хем по интернационалната пауза би можел да биде клучен за неговата иднина во Тотенхем.

Имено, како што пренесува „Телеграф“, Тотенхем мора да победи на дерби пресметката со Вест Хем во спротивно тоа ќе значи крај за Маурисио Покетино на клупата на „спарси“.

Аргентинецот и неговиот клуб започнаа катастрофално оваа сезона и во моментов се наоѓаат на 14-та позиција по 12 кола во Премиер лигата.

Тотенхем е без победа на последните пет лигашки натпревари, а претходно доживеа дебакл од Баерн во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрансферот на Кукуреља предизвика хаос: Додека тој е на СП, неговата сопруга добива смртни закани!

Трансферот на шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља од Челси во Реал Мадрид предизвика о…