Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ги откри потешкотиите со кои се соочува со работата на ѕвездите на Пари Сент Жермен.
„Во ПСЖ работам со најдобрите играчи во светот, како и со нивните семејства и фанови. Не е едноставно. Сите коментираат дека овој и овој фудбалер не може да се адаптира или има лични проблеми. Тешко е да се работи со големи ѕвезди“, изјави Покетино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Таквата атмосфера ги тера фудбалерите да веруваат дека немаат одговорности. Кога балансот е нарушен тогаш работите не одат во добра насока“, ијави Аргентинецот.