Дома Фудбал Англија Покетино му одговори на Пеп: Твојата изјава беше понижувачка и не е добра за фудбалот!

Покетино му одговори на Пеп: Твојата изјава беше понижувачка и не е добра за фудбалот!

Менаџерот на Тотенхем, Маурсио Покетино беше бесен кога неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека лондонската екипа е „Хари Кејн тим“.

На повидок е жесток конфликт помеѓу двата менаџери кои предводат екипи кои оваа сезона очекуваат највисок пласман во Премиер лигата. Пред натпреварот со Бурнемоут менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино беше лут на Пеп Гвардиола поради коментарот кој го даде Шпанецот после победата на „петлите“ над Хадерсфилд од 4:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го познавам Пеп и тој после големата победа пред две недели не можеше да остане џентлмен. Она што го кажа не влијаеше на мене, но беше понижување на многу фудбалери. Гвардиола беше дел од големиот успех на Барселона кога Лионел Меси го играше најдобриот фудбал. Јас никогаш не сум кажал дека Барселона била „Лео Меси тим. Таа негова изјава беше тажна и не е добра за фудбалот. Мислам дека мораме да покажуваме почит и фер плеј“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…