На Челзи не му оди, меѓутоа аргентинскиот стратег Маурицио Покетино не се откажува и верува во успех.
Аргентинецот очекува работите да се променат и тој со Челзи да испише успешна приказна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Верувам дека ќе успееме, сигурен сум во та. Најтешката работа во фудбалот е да веруваш и кога резултатите се лоши, јас и понатаму верувам.
Можеби ќе кажете, овој е луд. Не не сум луд. Имам 51 година. Мојата одлука да дојдам тука беше затоа што им верувам на сопствениците. Ќе продолжам да верувам и понатаму“, изјави Покетино.
Челзи во овој момент е 12-ти на табелата со само 19 бода по 16 кола и гол-разлика со 26 дадени и исто толку примени голови.