Дома Фудбал Покетино, Зидан и Бекам „фатени“ во ресторан во Лондон (фото)

Покетино, Зидан и Бекам „фатени“ во ресторан во Лондон (фото)

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетико и бившите големи ѕвезди на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и Дејвид Бекам имале интересна средба во еден ресторан во Лондон синоќа.

Според „Сан“, кој публикуваше и видео материјал, тројцата морале да го напуштат ресторанот од задниот влез, за да избегнат средба со нивинарите.

Прв си заминал бившиот тренер на Реал, Зидан кој од ресторанот излегол во 22:52, а само една минута подоцна си заминал и Бекам. Покетино заедно со својот помошник Хесус Перес излегол од истиот излез во 22:55 часот.

„Сан“ веднаш ја поврза оваа средба со шпекулациите кои го поврзуваат Покетино со Реал Мадрид, бидејќи Зидан и Бекам се во одлични односи со Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…