Дома Фудбал Англија Покетино го „пецна“ Челзи: Со Стоук ќе биде потешко!

Покетино го „пецна“ Челзи: Со Стоук ќе биде потешко!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека гостувањето кај Стоук ќе биде потешко за неговиот тим, отколку дуелот против Челзи минатата недела.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Спарси“ победија за прв пат по 28 години на „Стемфорд Бриџ“, а утре му гостуваат на Стоук, кој е на три бода од зоната за испаѓање.

„Минатата недела добивме три многу важни бода. Понекогаш по таква победа ќе дозволите мала релаксација и вашата концентрација не е иста. А треба да биде спротивно. Нашиот фокус треба да биде 200%. За мене, претстојниот натпревар ќе биде потежок од оној на „Стемфорд Бриџ“, истакна Покетино, кој ќе може да смета и на Хари Кејн.

„Тој е добро, откако одигра 20 минути против Челзи. Оваа недела работеше напорно и неговата состојба е одлична. Очекувањата за него се да постигнува голови“, заклучи менаџерот на „спарси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер на Порто нападнат со нож во сопствениот дом – ќерката била сведок на страшната сцена!

Вистинска драма го потресе Португалија и Порто, откако полскиот дефанзивец Јан Беднарек до…