Дома Фудбал Англија Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал, откако беше поништен победникот на неговиот тим против Астон Вила во Премиер лигата.

Вчера Челзи ремизираше 2:2 во Бирмингем против Астон Вила, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок при акцијата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Челзи губеше со 0:2, а во првото полувреме му беше поништен гол, откако беше утврдено дека Николас Џексон е во офсајд.

“Сите што го гледаа натпреварот беа разочарани. За две различни работи судијата досуди прекршок и го поништи голот и побара потврда од ВАР системот. Судијата е неверојатен и смешен. Тешко е да се прифати ваква работа. Во полуфиналето на ФА Купот (против Манчестер Сити) пред две недели, имаше игра со рака и не беше досуден пенал, а судијата не ја провери ситуацијата“, изјави Покетино за „ТНТ Спортс“, пренесе „Скај“.

„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираат зошто голот е поништен. Тие зборуваа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш не би го завршиле натпреварот со 11 играчи“, разочарано зборуваше тренерот на лондонскиот тим.

Челзи моментално е деветти на табелата и се бори за пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…