Дома Топ вести Познат фаворитот за потписот на Несторовски

Познат фаворитот за потписот на Несторовски

Aко му веруваме на италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио, Венеција ќе биде новиот клуб на Илија Несторовски.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во последниот период се појави информација за можно враќање на Несторовски во Палермо каде што ги помина најдобрите денови од кариерата, сепак, Палермо ја губи трката со Венеција.

Ди Марцио утрово објави дека Венеција е со најголеми шанси да го доведе Нестор. Во изминатата сезона овој клуб беше поразен во плеј-офот за Серија А и наредната сезона ќе имаат амбиции да се вратат во најсилната конкуренција.

Венеција верува дека искуството кое дефинитивно го има Несторовски може да биде пресудно во нивната цел за враќање во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…