Првото Ел Класико во новата сезона на Ла Лига, дуелот помеѓу Барса и Реал доби официјален термин.
Претседтелот на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа објави дека Барселона на Камп Ноу ќе го пречека Реал Мадрид на 28. октомври и тоа во терминот од 16:15 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој попладневен термин е избран поради гледачите ширум светот кои се фанови на најголемите шпански клубови и на повеќето вечерниот термин не им одговара.
Па така, после две години Барса и Реал повторно ќе играат во терминот од 16:15, исто како што беше случај на 3. декември 2016. година.
Тогаш исто така Барса беше домакин, а натпреварот заврши со резултат 1:1. Головите ги постигнаа Луис Суарез и Серхио Рамос.