Дома Фудбал Репрезентации Познат стартниот состав на Македонија за натпреварот со Саудиска Арабија

Познат стартниот состав на Македонија за натпреварот со Саудиска Арабија

Македонската фудбалска репрезентација денес од 16:30 часот го игра контролниот натпревар против Саудиска Арабија. Како што е познато селекторот Благоја Милевски за овој натпревар смета на фудбалери најголем дел од првата лига, исклучок се Дарко Велковски и Кристијан Тошевски.

Познати се и стартните 11 за кои се реши Милевски: Кристијан Наумовски, Кристијан Тошевски, Владица Брдароски, Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски, Али Адем, Бојан Димовски, Ферхан Хасани, Љупче Дориев, Методија Максимов, Бесарт Ибраими.

Ова се стартните 11, но и пред натпреварот Милевски најави дека шанса ќе добијат веројатно сите повикани.

Ќе потсетиме натпреварот е од затворен карактер, па затоа не е обезбеден ТВ пренос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …