Дома Фудбал Познат составот за натпреварот против Азербејџан

Познат составот за натпреварот против Азербејџан

Селекцијата на Македонија денес со почеток во 18:00 часот го игра пријателскиот натпревар против селекцијата на Азербејџан.

По ремито против Финска (0:0), ова е вториот тест во оваа репрезентативна пауза.

Македонија во овој натпревар ќе се обиде да ја задржи низата од шест натпревари без пораз. Селекторот Игор Ангеловски за оваа средба се одлучи за овие 11:

Димитриевски, Ристовски, Ристевски, Велковски, Муслиу, Николов, Барди, Радески, Тричковски, Трајковски и Пандев.

Натпреварот се игра на „Мердан“ арената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беласица пред тренерска промена: Цицмиловиќ поднесе оставка пред дуелот со Охрид

Раде Цицмиловиќ се повлече од лични причини, а струмичкиот второлигаш треба да избере него…