Дома Фудбал Англија Познат првиот фаворит за наследник на Потер

Познат првиот фаворит за наследник на Потер

Долго време се чекаше, а изминатата вечер Челзи го отпушти тренерот Грем Потер, а според информациите од Остров прв фаворит за негов наследник е Јулијан Нагелсман.

Нагелсман неодамна доби изненадувачки отказ во Баерн каде што на негово место седна Томас Тухел. Веднаш по отказот на Потер тој скокна во прв план и веќе се најавува дека има најголеми шанси да го замени Тухел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, постои и еден проблем. Нагелсман доби отказ од тренерската позиција, но Баерн не му ја исплати комплетната оштета и тој се уште е на платниот список на гигантот од Минхен. За Челзи да го доведе ќе мора да преговара со Баерн.

Засега не е јасно дали Баерн ќе бара одредена сума за го пушти Нагелсман во Лондон или пак ќе се ослободи од него за повеќе да не добива плата од клубот, секако ако Германецот има желба да го води Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …