Дома Фудбал Англија Познат потенцијалниот купец на Герет Бејл

Познат потенцијалниот купец на Герет Бејл

Герет Бејл повторно е на излезните врати на Сантијаго Бернабеу.

Шпанските медиуми вчера објавија информација дека 30-годишниот Бејл не е во плановите на Зидан за наредната сезона и дека може како слободен играч да го напушти клубот во текот на летото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, малку се оние кои се спремни на Бејл да му дадат огромна плата со која ќе го привлечат во својот клуб, но еден клуб сепак е спремен на тоа. Се работи за Манчестер Јунајтед.

Како што наведува Спорт, Црвените ѓаволи ќе се обидат да го донесат Бејл во текот на летото. Клубот од Манчестер го привлече фактот што Реал го нуди бесплатно и спремни се да му дадат огромна плата.

Меѓутоа, секако треба да го сочекаме преодниот рок кој оваа сезона поради коронавирусот ќе биде поместен и да видиме дали Бејл сака да го напушти Мадрид.

Претходно често се поврзуваше со заминување од клубот, но на крајот остана и одигра неколку врвни натпревари кога беше најпотребно.

За Кралевите одигра вкупно 249 натпревари и постигна 105 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…